
Очевидец од Пробиштип тврди дека пред неколку дена малолетно дете било удрено на пешачки премин во градот, а возачот побегнал од местото. Очевидецот за М-Нет телевизија вели дека лицето подоцна е пронајдено, но тврди дека истото е брат на вработен во ОВР Пробиштип.
,,Во четвртокот во Пробиштип дете беше удрено на пешачки премин, каде сторителот го напушти местото. Подоцна истото е откриено од страна на полицкиски службеници. Инаку, за ваша информација, брат му и снаа му се на високи позиции во ОВР Пробиштип, а јавноста не е информирана. Детето е хоспитализирано во КБ Штип.”, вели очевидецот за М-Нет телевизија
Во врска со случајот, нашата редакција се обрати до Свр Штип, од каде велат дека станува збор за лице од Србија, кое удрило во 10 годишно дете
“Ве информираме дека во дневното известување за настани се опфатени сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди и сообраќајни незгоди со последица смрт. Во врска со настанот за кој прашувате, Ве известуваме дека на 05.11.2026 година, во Пробиштип, според пријавеното патничко возило „цитроен“ управувано од лице од Србија, удрило во 10-годишно малолетно лице, кое се здобило со повреди.”, соопштуваат од Свр Штип
Оттаму додаваат дека за настанот е известен јавен обвинител, и по насоки на јавен обвинтел се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Иван Митев, М-Нет