
Огромна поддршка и од граѓаните на Штип за протестите кои секојдневно се одржуваат во чест на Билјана и во поддршка на сите жени кои секојдневно трпат насилство. Дел од граѓаните велат дека доколку се организираат протести и во нивните градови, ќе излезат на улица за да ја искажат својата поддршка и да побараат правда. Според нив, не е праведно да се одзема нечиј живот, а ваквите протести се начин да се покаже солидарност со семејствата на жртвите и дека тие не се сами во борбата за правда.
Да се намали насилството, да има повеќе разбирање, разговор и решавање на проблемите на мирен начин, се само дел од барањата за штипјани за надминување на овој сериозен проблем кој секојдневно опфаќа голем број жени. Тие сметаат дека ова е лош пример за младите и генерациите што доаѓаат.
Инаку, Билјана Кириќ на 3 ноември беше пронајдена мртва во опожарен автомобил кај местото Ичева чешма во Богданци, а телото на нејзиното 21-годишно момче беше пронајдено покрај возилото. На трагедијата ѝ претходеле физички напад, смртни закани и пријава од таткото на девојката.
Ева Тушевска, М-Нет