
Возачите кои ќе направат сообраќаен прекршок ќе бидат откриени и санкционирани, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција. Тој истакна дека проектот „Безбеден град“ не подразбира само поставување камери, туку и воспоставување систем за ефикасно санкционирање на сообраќајните прекршоци.
,,Разбирливо беше дали овој пат ќе има нешто повеќе од поставени камери и дали правилата навистина ќе важат за сите, Во проектот се вложуваше и порано. Беа купени и поставени камери и претходно, но сообраќајното санкционирање преку системот остана незавршена работа. Ние, имавме храброст да го направиме чекорот што со години се одложуваше. Безбеден град опфаќа многу повеќе од камери. Паралелно со измените со кривичните закони на предвидени и законски и парична казна. Во законски определени случаи се предвидува и задолжително одземање на дозвола. Вклучително ако сторителот немал право да управува“, рече Тошковски
Тошковски порача дека со проектот „Безбеден град“ сите возачи ќе бидат еднакви пред законот и дека никој нема да може да ја избегне санкцијата поради својата функција, влијание или лични познанства.
,,Ако возачот смета дека нема да биде откриен или дека ќе избега, до следната контрола ја менува својата пресметка, односно сознанието дека нема начин да се избегне казната. Треба навреме да го одведат возачот од опасно делување. Функцијата, името, познанството, врските, не смеат да бидат причина за поинаков третман. Токму тоа го имплементиравме со Безбеден град“, кажа Тошковски
По досегашната имплементација, проектот „Безбеден град“ ќе продолжи да се проширува и во другите градови низ државата. Следна на ред е Струмица, каде што, според најавата на Тошковски, системот официјално треба да започне да функционира во првата недела од декември. Потоа активностите ќе продолжат во подрачјето на СВР Штип, каде што имплементацијата се очекува да заврши до крајот на годинава. Последна во оваа фаза е Битола, за чие поврзување со централниот систем ќе бидат потребни уште еден до месец и половина.
Eва Тушевска, М-Нет