
Кило ориз колку една жвака – вака оризопроизводителите од село Чифлик ја опишуваат маката со откупот на оризот годинава. Жетвата во селото заврши, но годинава велат родот слаб, а приносите како што тврдат намалени за речиси 40 проценти. Откупната цена се движи од 18 до 20 денари за килограм, во зависност од квалитетот. За разлика од Чифлик, во Оризари, Спанчево и Соколарци оризот се уште стои зелен по нивите, а земјоделците велат дека во ноември веќе нема време да созрее.
,,Се ожна се пред дождовите кај нас, принос намален, па скоро за 40 посто е намален, a квалитет ќе видиме, можда приближно е добар. Цената зависи према квалитетот 20, 22, 23. Тоа е катастрофа за нас. Не личе на ништо, со ова се потешко ќе се сее. Имам и лански, ама не е продаден оти не го зимаат. Цената е колку за жвака. Една жвака да купеш за едно кило ориз, кога е било?
Нема шанса, какви млади, нема да работат земјоделие. Со овие цени, со оваа нафта нема шанса. За кој да работиш. Еве сега 10 декари жито имам да сеам, се чудам дали да сеам. 40 000 треба да набројам за да го произведам, а дали ќе извадам 40 000 ?
Tреба тај што произведе да добие, а овие кои што не произведуваат само чекаат на субвенции, тоа е катастрофа. Поарно ќе биде да се укинат субвенциите, цената ќе биде приближно поскапа, ќе биде пет пати поарно.”, додаваат тие
Во Спанчево, Соколарци и Оризари ситуацијата е алармантна, тврдат земјоделците, бидејќи оризот се уште е зелен на нивите. Децидни остануваат ако останат без субвенции дел оризопроизводите ќе се откажат од производството.
,,Касната сеидба си го направи своето, луѓето чекаа дека оризот ќе созрее, мегутоа во ноември оризот не создрева. Станува збор за неколку кочански села, меѓу кои Оризари, како и Спанчево и Соколарци. Дополнителни тешкотии ќе имаат луѓето. Со изнасање, со дождот, најголем проблем е нема каде да го сушат оризот. Ситуацијата е аларманта. Просекот е 350 до 400 килограми, нема повише. Што значи од 2025 ние сме 50 посто помалку. И на ова ако нема субвенции дополнително, луѓето ќе се откажат.”, вели Арсов
Годинава откупната цена на оризовата арпа се движи од 18 до 20 денари за килограм, а земјоделците преговараат со Министерството за земјоделство за исплата на дополнителните 8 денари за предадениот ориз од 2025 година. Дополнително ќе бараат и поддршката за 2026 година.
Иван Митев, М-Нет