Со сукан зелник, печено месо и чаша вино, од вечерва почнува славата на Свети Димитрија Солунски

Со сукани зелници, печено месо, кифли, салати и десерти и годинава достојно ќе се пречека празникот Митровден, посветен на светиот чудотворец Димитрија солунски. Некој со домашна слава, други со именден од вечерва ќе почнат празнувањето. На терен граѓаните велат не е важно што ќе има на трпезата, туку со кого ќе се наздрави за денот. Нема поважно велат од тоа полна и топла да е одајата со позитвини луѓе и убава атмосфера.

Но, кога е во прашање минатото, денес празнувањето е сведено на минимум. Ако некогаш гостите чекале ред, едни да дојдат порано, други подоцна, сега доагаат најблиски на слава или именден. Најчесто се тоа тесното семјство или некој пријател плус.

Инаку, Свети Димитрија Солунски се одбележува секогаш на 8 ноември, празник кој менува ден, но никогаш датум. И оваа година граѓаните ги упатија своите молитви кон Свети Димитрј, посакувајќи си само љувов,здравје и спасение. Свети Димитрија многупати се покажал како чудотворен и милостивен.

Иван Митев, М-Нет