Почнаа активности за расчистување и уредување на просторот во кругот на СВР Штип, отстранети одземените возила и предмети

Започнаа активности за расчистување и уредување на просторот во кругот на СВР Штип, со цел да се овозможи полесен, послободен и побезбеден пристап за граѓаните кои доаѓаат да ги остварат своите права и потреби. Во рамки на активностите, претходно одземените возила и предмети, кои по различни основи се наоѓале во кругот на објектот, се отстранети и дислоцирани на посебна локација во сопственост на Министерството за внатрешни работи.

Со цел унапредување на безбедноста и обезбедување полесен и побезбеден пристап за граѓаните кои ги остваруваат своите права и потреби во просториите на СВР Штип, преземени се активности за расчистување и уредување на просторот во кругот на објектот. Во рамки на активностите, претходно одземените возила и предмети по различни основи се отстранети од кругот на објектот на СВР Штип и дислоцирани на посебна локација во сопственост на Министерството за внатрешни работи. Со оваа активност се овозможува побезбеден, послободен и полесен пристап до објектот, со што се придонесува за подобрување на условите за граѓаните и поефикасно функционирање на институцијата.

Со ова се ослободува просторот околу објектот, се подобрува пристапноста и безбедноста за граѓаните, но и условите за непречено функционирање на институцијата. Активностите се насочени кон уредување на просторот и создавање попристапна и побезбедна средина за сите граѓани кои имаат потреба од услугите на СВР Штип.

Ева Тушевска, М-Нет