Франција ја одликуваше професорката од УГД, Емилија Јаневиќ-Ивановска со престижен орден за академски заслуги

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и професионална работа.
На 4 ноември, амбасадорот на Франција ѝ ги врачи инсигниите на Витез од Редот на академските палми (Ordre des Palmes académiques) – едно од најзначајните француски одликувања во областа на образованието и академската дејност.
Ова признание претставува голема чест за професорката Јаневиќ-Ивановска, но и за Универзитетот „Гоце Делчев“ и академската заедница во Штип.
Редот на академските палми е француско одликување со долга традиција, кое се доделува за придонес во образованието, науката и ширењето на академските и културните вредности.
Признанието за професорката од УГД е уште една потврда за значењето на академската работа и придонесот на домашните професори во образовната и научната сфера.