
Казнено-поправни домови и засилени полициски контроли бараат граѓаните за малолетниците кои вршат врсничко насилство. Но, според нив, неопходни се и поголема одговорност на родителите и училиштата, како и вклучување на надлежните институции во справувањето со овој проблем. Сè почестите случаи на врсничко насилство, кои не ги заобиколуваат ниту училиштата во Штип, ја наметнуваат потребата од посериозен пристап, навремена реакција и конкретни мерки за заштита на учениците.
Лавина реакции предизвика и неодамнешниот случај во Штип, каде двајца малолетниците неколкупати малтретирале и упатувале закани кон друг малолетник од Штип, притоа и фотографирајќи го.
Ситуацијата со врсничкото насилство станува сè поалармантна, а граѓаните очекуваат од надлежните институции конкретни и навремени мерки, поголема контрола и доследно санкционирање на насилното однесување, со цел да се спречат нови случаи и да се обезбеди безбедна средина за сите ученици.
Ева Тушевска, М-Нет