Сточарите на состанокот во Штип најавија итни протести ако нема вакцини и надомест за изгубените овци

Да им се плати на сточарите за изгубените стада овци од болеста овча сипаница, да се вратат женските јагниња за развивање на сточарството и што побрзо вакцини, се само дел од барањата на Сојузот на одгледувачи на овци кои вчеравечер имаа состанок во Штип, а претседателот Насер Џемаили ги изнесе барањата до АХВ.

,,Навистина имаме многу големи маки и за болеста има многу изгубени овци, така да верувам дека овој пат институциите ќе не разберат нас и нашите барања. Барањата е да се помага на сточарите, да им се плаќат изгубените стаса и тие што биле непријавени изгубиле 100 овци. Ќе бараме да се вратат женските јагниња за приход, ако сакаме да го развиеме сточарството. Вакцини немаме и тоа ни беше една тема, по третпат сме излажани од страна на АХВ, гледаме дека не се занимават со тоа. Пет-шест месеци бараме вакцина, еднаш не беше одобрена од ЕУ, нека кажат каде е проблемот. Веќе не ни треба таа вакцина, на кого дам у ја даваеме, сите региони ги фати болеста. Имавме источен дел, сега имаме Тетово, Гостивар, во сите градови на државата имаме болест“, соопшти Џемаили

Претседателот на Конфедерација на синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески тврди дека за само неколку години, имаат 1 милион помалку грла. Тој најави низа протести за искажување на револтот.

,,Еве, ние како граѓаните треба да бидеме крајно загрижени, бидејќи за неколку години има 1 милион помалку грла. Место да одиме напред, ние се враќаме назад, затоа плаќаме 600 ден кило сирење. Проблемот не е само со сточарите, општо со државата. Нема министерство што не сме го поминале, во институциите нема сточари, земјоделство. Доколку не најдеме заеднички јазик, ќе бидеме приморани да се протестира, тоа ќе го правиме во вечерните часови кога луѓето се слободни, ќе го искажеме револтот“, дециден Ристески

Од Сојузот на одгледувачи на овци велат дека ситуацијата е доста сериозна и загрижувачка, сточарите се со голема мака и многу изгубени овци.

Ева Тушевска, М-Нет