
Овој голем празник, ќе ги собере верниците од целиот регион токму во соборниот храм „Свети Никола“ во Штип. На централната божествена литургија во градската црква ќе чиноначалствува лично поглаварот, архиепископот господин господин Стефан, заедно со повеќе архиереи
Свечениот пречек на владиците пред штипскиот храм започнува точно во 8 часот наутро, каде што се очекува масовен црковно-народен собир. За штипјани и за целиот Исток, овие две децении значат многу – време во кое се изградија и се обновија десетици манастири и и цркви, па затоа неделава народот масовно ќе излезе заедно да ја сподели радоста и да се помоли за здравје.
Иван Митев, М-Нет