Мицкоски: Со трикови нема да се добијат денови за боледување и да се патува надвор од државата

Со трикови и лаги нема да се заобиколи правдата, ниту да се дозволи злоупотребување на деновите за боледување, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој дециден дека не е во ред корисниците кои се евидентирани на боледувањата, да се надвор од државата.

,,Има корисници на боледување коишто постојат евидентирани се во системот дека се движат надвор од територијата на државата, има корисници на боледување коишто честопати заминуваат на месечни активности надвор од државата и тоа не е во ред. Не е ред затоа што ако мислат дека на тој начин со трикови ќе направат и ќе ја заобиколат правдата, тоа нема да се случи. И токму тоа беше причината да размислуваме во тој дел да бидеме поконкретно, за тие коишто се обидуваат со трикови да го заобиколат системот, кога станува збор за боледувањето“, подвлече Мицкоски

Предлогот на Фондот за здравствено осигурување за ограничување на периодот на боледување што може да го одобри матичен лекар, од седум на пет дена, има за цел да ги спречи злоупотребите и да овозможи поголема контрола врз користењето на боледувањата.

Ева Тушевска, М-Нет