
Ракометарките на Овче Поле СУ од Свети Николе имаат перфектени учинок во Првата лига, откако тимот забележа пет победи на толку натпревари и го држи првото место со максимални десет бодови.
Тимот од Свети Николе оваа сезона е на добар пат да го освои шампионскиот пехар и да обезбеди директен пласман во елитата, се’ уште има многу да се игра до крајот на шампионатот, но засега Овче Поле СУ е прв кандидат за шампион.
Струга и Гевгелија Југ го делат второто место со по шест бодови, но двете екипи имаат по четири одиграни натпревари, односно еден помалку од лидерот Овче Поле СУ.
Стружанка има пет одиграни натпревари со освоени пет бодови за четврто место, додека пак ланскиот суперлигаш Астибо од Штип е на петтото место со два бодови, односно тимот од градот под Исарот има една победа и три порази.
Без бодови по четири одиграни натпревари се екипите на Шампион и Јехона позиционирани на шестото односно седмото место.
Во следното коло ќе се одигра градско дерби во градот на поезијата меѓу Стружанка и Струга, Астибо во Штип ќе бара втора сезонска победа против Шампион, а пак Јехона ќе биде пред предизвик за прва радост против фаворитот Гевгелија Југ, а во шестото коло слободна ќе биде екипата на Овче Поле СУ.
Александар Ванев, М-Нет