Виничанец бегал од полицијата, бил запрен и фатен како вози без возачка дозвола

На 24.10.2026 околу 23:30 часот, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Е.М.(27) од Виница. При сообраќајна контрола полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „фолксваген пасат“ со кочански регистарски ознаки, кое тој го управувал, но тој продолжил со движењето со возилото. Набргу, тој е пронајден и по извршена контрола и проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.