Мал Ајакс ќе гостува во Кратово, Фудбал Старс од Кочани со тешко гостување во Кавадарци

Второто коло на Втората футсал лига се отвара денес со две средби, а ќе се игра во три дена, односно со по еден меч во сабота и недела.

Вечерва во Свети Николе ќе се одигра дуелот на поранешниот прволигаш Овче Поле и Балкан кој лани лани испадна од елитата. Гостинот кој одлично ја отвори сезоната со висок триумф над Победа ќе сака уште една победа, а пак Овче Поле по поразот во Штип ќе ги бара првите бодови.

Исто така, вечерва Победа ќе се соочи со Каршиака, каде домаќинот после тешкиот пораз ќе се обиде да дојде до позитивен резултат, а пак гостинот да стигне до уште една победа.

Утре, Кратово на домашен терен ќе игра против Мал Ајакс од Штип, домаќинот ќе ги бара првите бодови, а пак гостинот кој лани испадна од елитата ќе оди на два од два.

Во недела во Кавадарци ќе се игра мечот меѓу Црна Река и Фудбал Старс од Кочани, домаќинот го игра првиот меч во новата сезона откако во првото коло беше слободен, а пак гостинот од Кочани ќе атакува на два од два.

Александар Ванев, М-Нет