
Сејф сити доаѓа во истокот, граѓаните на Штип очекуваат да се стави ред во сообраќајот. Велат дека системот, како во Скопје, така и овде, ќе придонесе поголема сообраќајна култура и поголема безбедност на патиштата. Очекуваат возачите да бидат повнимателни и да ги почитуваат сообраќајните правила. Велат дека со воведувањето на системот правила ќе важат подеднакво за сите и дека секој направен прекршок ќе биде казнет. Се надеваат дека на овој начин ќе се стави крај на несовесното возење и ќе се воведе поголем ред низ улиците.
За кога точно овој систем ќе профункционира во Штип, М-Нет телевизија побара одговор од СВР Штип, од каде велат дека
Очекувањата се дека на овој начин ќе се зголеми сообраќајната култура, ќе се намали бројот на прекршоци и ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Иван Митев, М-Нет