
Глувците кои почнаа да излегуваат од куќата на Марјанчо Јовиќ на улицата Кежовица во штипско Ново Село ја прели чашата на жителите од оваа улица за да излезат пред камера и храбро да говорат за проблемот со кои се соочуваат речси 20 години. Револтирани велат дека секојдневно ја трпат последицата од хаосот кој Јовиќ го прави во домот во кој престојува. Тврдат оти тој со години собира ѓубре од контејнери, старо железо и пластични шишиња, кои ги остава во дворот, а кога истиот веќе го натрупал, почал да ги полни и собите од куќата, која му е оставена од неговиот брат. Нема вода, струја, ниту тоалет, а згора на се, чува куче, кое никако не го изведува надвор. Жителите со години велат не можат на раат да испијат кафе во двор, а веќе подолг период ниту гости не им доаѓаат.
Но, проблемот е уште пострашен навечер, кога глувците почнуваат да шетаат по дворовите. Наоѓаат начин да влезат во домовите, па многу често соседите се укасани во сред сон и завршуваат на инфективно одделние.
Марјанчо Јовчиќ, лицето кон кого е вперен прстот од страна на неговите соседи, вели дека повеќе од 20 години живее сам. Пред камерите на М-Нет телевизија тврди дека ѓубрето го собира за да пронајде бакар и железо, кое дополнително го продава. Рече дека за два дена ѓубрето ќе биде целосно исчистено.
Во согласност со ситуацијата, нашата телевизија се обрати до надлежните инстутции, од каде велат дека ќе излезат на терен да ја утврдат состојбата.
Иван Митев, М-Нет