
Почна изградбата на новиот паркинг простор во близина на Трговскиот центар во Штип. Градоначалникот на општината Иван Јорданов на прес-конференцијата истакна дека ова е просторот, каде што во стари куќи беа населени бездомници, а Општината се погрижи и за нивното домување.
-Успеавме да го исчистиме овој простор во централното градско подрачје, за да веќе денес се започнат работни активности за уредување на оваа површина.Повеќе од 35 паркинг позиции е површината на која што се уредува со павер елементи, осветлување, поставување на соодветна урбана опрема за овозможување на повеќе паркинг места во централното градско подрачје. Тоа ќе биде во една фаза во овој момент која се реализира со нешто повеќе од 1 милион денари издвоени од буџетот на општина Штип-рече Јорданов.
Тој најави дека во втората фаза се предвидува изградба на уште едно ниво на паркирање со што двојно ќе се зголеми просторот за паркирање на возилата.
-Би се обезбедиле дупло повеќе паркинг места, некаде околу 70 возила, за да можат на оваа површина да се паркираат и со тоа во централното градско подрачје да обезбедиме нови паркинг позиции, како потреба на денешното живеењеСекако дека тоа кое што ни е наредна цел е една локација позади административната зграда на општина Штип ја уредиме со неколку нивоа на паркирање и да овозможиме нова површина за паркирање и на тој начин да се намали притисокот и потребата на граѓаните во одреден период од денот во центарот на градот-вели Јорданов.
Тој додаде дека како општина нема да застанат со изградба на нови паркинг површини и катни гаражи.По завршувањето на овој проект ќе започнат со уредување на просторот зад зградата на општина Штип.
Иван Митев, М-Нет