Промовирана книгата ,,Епископскиот град Баргала“ на проф. Трајце Нацев на УГД Штип

Книгата ,,Епископскиот град Баргала“ на авторот Трајце Нацев, денеска во УГД Штип, беше промовирана од страна на д-р Орданче Петров и проф. д-р Бошко Ангеловски. По 23 години работа истражувајќи ги локалитети, д-р Петров тврди дека се наоѓаат на вистинското место, со голем број на добиени аргеолошки истражувања.

,,После моето излегување од Завод и Музеј Штип, мојот интерес којшто беше врзан за локалитетот Баргала, каде поминав 23 години работа, продолжив и понатаму и како резултат на тоа, еве, денеска сме тука, на промоцијата на новата книга ,,Баргала“, во кој се опфатени сите досегашни резултати кои се добиени од археолошките истражувања, значи тргнувајќи од 1996 па сѐ до 2026 година. Воедно, сакам овој ден да го споменам и како јубијел бидејќи оваа година навршуваат 60 години од првите археолошки истражувања. Во книгата се опфатени сите оние објекти, коишто се истражени, дел со историски податок за самиот град“,презентира Петров

Проф. Д-р Бошко Ангеловски смета дека книгата раскажува за едно од најзначајните антички градови, градот Баргала, во која проф. Нацев ја заокружил својата две децениска работа и искуство.

,,Чест и задоволство ми е да бидам дел од овој голем настан, промоцијата на книгата на Нацев, промоцијата за неговата најнова публикација за еден од најзначајните доцно антички градови, градот Баргала, со наслов Епископскиот град Баргала, во којашто професорот Нацев ги има заокружено неговите долгогодишни, повеќе од две децениска работа и искуство, професионален ангажман, како и археолошки теренски, кабинетски и најновите сознанија ги има преточени во една значајна обилна публикација ,,Епископскиот град Баргала“, подвлече Ангеловски

Оваа година се одбележуваат 60 години од првите археолошки истражувања на Баргала, а новата книга претставува обединување на досегашните сознанија за историјата на овој значаен локалитет.

Ева Тушевска, М-Нет