
На Економски факултет при УГД Штип, денеска се одржа предавање од страна на хрватски претставници од Светска банка, на кое беше претставен извештајот на Светска Банка за растот и работните места насловен како Излезот од стапицата на среден доход во Македонија. Проректорот Дарко Лазарот смета дека со ваквите настани студентите ги прошируваат своите знаења од аспект на можностите за развој, вработување, нови работни места и бизниси.
,,Преку ваков тип на настани, особено со нашите партнери како што е Светска банка, покажуваме дека како универзитет и како факултет сме поврзани и овој тип на настани се поврзани со нашите студенти, во смисла да ги прошират своите знаења, и да слушнат некои анализи, некои наоди коишто се важни за нашата држава од аспект на можностите за иден развој, вработување, отворање нови работни места, отворање нови бизниси итн. и на тој начин практично покажуваме дека универзитетот е отворен кон нашите партнери и на тој начин и даваме дополнителна можност на нашите студенти покрај академските и теоретските знаења да стекнат нови искуства, но и на нашите професори да се поврзат со овие институции“, рече Лазаров
Последниот изработен извештај на Хрватска за економскиот раст во Македонија го презентираше претставничката на Светската банка од Хрватска, која зборуваше за тоа како да се забрза економскиот раст и како да се отворат нови, квалитетни и подобро платени работни места. Извештајот прави споредба на Македонија со други земји, ги посочува структурните слабости на економијата и предлага мерки за забрзан раст и создавање подобри работни места.
,,На последниот извештај што Хрватска го изработи за Македонија се зборува за тоа на кој начин да се забрза економскиот раст и како да се отворат нови и квалитетни, односно подобро платени работни места. Извештајот разгледува како Македонија се споредува со другите земји, каде се некои од структурните слабости на економијата и што треба да се направи за забрзан раст и отворање подобри работни места. Она што е интересно е дека една реформска агенда што ја предлага самата студија покажува дека растот може да се забрза.Интересно е и тоа што покажува прогрес и во самата Македонија. Денес имате приближно една петтина од населението со високо образование. Она што нè загрижува е дека околу 20% од високообразованото население е вработено на работни места што не одговараат на нивните квалификации и се третираат речиси како невработени, а притоа примаат пониски плати. А за работа во државите во Европската Унија би добија многу повеќе“, вели претставник од Светска Банка“, изјави претставничката на Светска Банка
Она што ја загрижува хрватската претставничка е фактот што околу 20 проценти од високообразованото население е вработено на работни места што не одговараат на нивните квалификации и за кои добиваат пониски плати.
Ева Тушевска, М-Нет