Хартиените свидетелства заминуваат во историјата, ќе бидат заменети со електронски

Хартиените свидетелства заминуваат во историјата, ќе бидат заменети со електронски. Како што рече денеска на прес конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска, при посетата на Општина Карбинци, Министерството работи на забрзување на процесот на дигитализација. Таа рече дека електронски свидетелства досега има за учениците од прво до трето одделение. Планот е тие да се воведат и за учениците од четврто до шесто одделение. Јаневска вели дека овој процес би можел да се реализира и порано од предвиденото.

,,Дефинитивно, електронски свидетелства од прво до трето одделение имаше и сега и оваа година. Ние планиравме следната година да има од четврто до шесто, но мислам дека и побргу ќе се одвива тој процес, се обидуваме што е можно побрзо да ги сработиме работите.“, вели Јаневска

Од Министерството најавуваат дека ќе се работи на забрзување на процесот, за електронските свидетелства што побрзо да бидат воведени и во останатите одделенија.

Иван Митев, М-Нет