
Поројни дождови од петок ја зафаќаат Македонија, а на места се очекуваат и над 20 литри дожд на метар квадратен. Синоптичарите велат дека особено во деновите од викендот врнежите ќе бидат поизразени, најинтензивни во сабота и во ноќта кон недела. Вилен Поповски, метеоролог во УХМР, за М-Нет телевизија вели дека стабилизирање на времето се очекува дури од понеделник.
,,Во петок и во деновите од викендот, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Голема веројатност за грмежи има во сабота. Во петок ќе имаме врнежи во западниот дел на државата, а во сабота секаде. Сабота кон недела исто така ќе врне, како и недела преку денот. Се очекуваат наместа да паднат и над 20 литри на метар квадратен. Од понеделник ќе имаме стабилизирање на времето.“, рече Поповски
Иако деновиве утринските температури беа доста ниски и свежи, сепак викендов, но и во првите денови од новата работна седмица, утринската температура ќе биде повисока, односно од 5 до 14 степени во државата.
,,Ќе има пораст на утринските температури, додека дневните ќе се задржат како денеска и утре, значи од 19 до 27 степени максималната. Утринските беа доста ладни, имавме свежо утро денеска, така ќе биде и утре, меѓутоа од петок утринската ќе биде од 4 до 12 степени. Сабота од 5 до 15, недела од 6 до 15 степени, што значи дека ќе се зголемуа темепратура за некој степен. Во понеделник минималната ќе биде од 5 до 14, а максималната од 18 до 25 степени. За вторник, среда и четврток не би можел да ви кажам.“, додава Поповски
Согласно променливите температури и време, лекарите упатуваат апле до хронично болните лица, децата, но и до останатите, да бидат внимателни. Да внесуваат доволно течности, да се хранат колку што можат здраво, хроничарите да ја пијат својата терапија, се со цел да не дојде до несакани последници.
Иван Митев, М-Нет