
Се асфалтираат две станбени улици во селото Таринци, денеска прв слој асфалт, а во деновите пред нас и втор. Градоначалникот Виктор Паунов, рече дека се работи за проект кој што го финансира министерството за траспорт и врски, преку Светска банка. За општината Паунов е дециден дека денешната реализација значи подобори сулови за живот.
,,Денес започнуваме со онаа завршна фаза со асфалтирање на двете станбени улици. Имено се работи за проект кој што подолго време е во фаза на реализација во ова населено место. Двете улици 13, 3 во Таринци се реконструираат, односно денес се става првиот завршен слој на асфалт, а во следнтие денови ќе биде целосно завршена и со втор слој на асфалт. Се работи за проект кој што е во рамките на финансирањето на Светска банка преку министерството за транспорт и врски и со реализацијата на овие улици го затвораме оној пакет на лици, кои што беше со поддршка на ова министерство. За село Таринци ова е дел од низата на улици, кои што се случуваат во изминативе години.“, вели Паунов
Покрај во Таринци, неколку нови улици ќе се асфалтираат и во селата Аргулица, Радање, Долни Балван, како и во самото село Карбинци, потенцираше градоначалникот Паунов, додавајки дека општината активно ќе работи во текот на целата есен, како и во текот на зимата и наредната календарска година.
,,Очекувам оваа тенденција да продолжи. Не очекуваат неколку нови улици и во другите населени места. Наскоро ќе имаме активности во Аргулица, Радање, Долни Балван, како и во селото Карбинци во делот на патната инфраструктура. Нема да застанеме, продолжуваме и во текот на есента и во текот на зимата. Се работи за проект, кој што Општина Карбинци, односно министерството за траспорт преку Светска Банка инвестира со некаде околу 10 милиони денари за овие две улици.“, кажа Паунов
Инаку, вториот асфалтен слој на двете улици 3 и 13 во селото Таринци се очекува да биде ставен во наредните денови, а следните улици на кој што ќе се работи во истото село, ќе бидат реконструирани веднаш по завршувањето на последните две.
Иван Митев, М-Нет