Мицкоски: Околу 25 милиони евра од буџетот се пренасочени кон општините за капитални проекти

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа колку Владата им помага на општините за развој и инфраструктура за овие повеќе од две години, изјави:

„Па, ние очекуваме, мислам дека во Скопје беше 16, а во Македонија 37. Значи, 16 се во фаза на изработка во Скопје, а 37 се на целата територија на земјата. И со тоа, како што кажав, резултатот очекувам на крајот да биде да нема повеќе листи на чекање за дечињата.“

Во однос на проектите за кои аплицираа општините и колку се реализирани досега, претседателот Мицкоски додаде:

„Па, некаде околу милијарда и пол, ако не се лажам, милијарда и петстотини милиони – тоа се околу 25 милиони евра, средства наменети, односно децентрализирани од буџетот кон општините за изградба, проширување, реконструкција, пренамена и така натаму на градинки.“

Текстот Мицкоски: Околу 25 милиони евра од буџетот се пренасочени кон општините за капитални проекти е превземен од МАКФАКС.