Зелено светло за вакцинација на овците во Македонија даде Европската комисија, се чека стартот

Зелено светло за вакцинација на овците во Македонија дала Европската комисија, соопшти денеска претседателот на Асоцијацијата на одгледувачи на овци, Насер Џемаили, за М-Нет телевизија. Тој рече дека за одлуката го информирал министерот за земјоделство, а во следните денови Асоцијацијата ќе одржи состанок на кој ќе бидат разгледани деталите околу процесот на вакцинација. Одгледувачите, по долгото инсистирање, очекуваат вакцинацијата конечно да започне.

,,Да, вчера ми се јави министерот, ме извести дека од состанокот со европската комисија има зелено светло да се вакцинираат овците. Не покани на состанокот министерот, но за жал нашиот управен одбор е Молдавија, веднаш кога ќе се вратиме ќе го одржиме тој состанок и ќе ве известиме подетално како ќе се одвиваат работите. Верувам дека да, пошто ние до сега ги чекавме вакцините и се радувам како претседател што имавме правно, упорно баравме за кацинацијата и добивме.“, вели Џемаили

Кога е во прашање бројката на досега заболените овци, Џемаили тврди оти е доста голема, во споредба со август, истата досега е дупло поголема, но за тоа како што рече, треба детално да информрираат надлежните институции

,,Треба институциите да кажат, тие ги потврдија сите жаришта, но бројката е допло од тоа што вие имавме информации сигурно.“, додава Џемаили

По добиеното зелено светло од Европската комисија, сега се очекуваат конкретните чекори и динамиката за спроведување на вакцинацијата. Од Асоцијацијата велат дека по состанокот на Управниот одбор ќе имаат повеќе информации за тоа кога и како ќе започне процесот.

Иван Митев, М-Нет