Големо „НЕ“ за 3 % покачени пензии од пензионерите од Свети Николе, најавуваат протести во секој град

Големо „НЕ“ за три проценти покачени пензии, порача денеска пензионерите од Свети Николе од нивниот протест во градот, преку кој го искажаа незадоволството од вчерашното зголемување на нивните пензии. Велат дека за оние со најниски пензии, три проценти значат само околу 600 до 700 денари повеќе, што, според нив, не е доволно за да се покријат основните трошоци за живот. Велат протести ако треба ќе има секој ден, се додека не се слушне ниовниот глас.

,,Ова се што гледате околу мене е сиротиња, кои што немаат повеќе од просечната пензија од 24 000 денари, па израчунајте дека тие три посто се некаде околу 700 денари. Тоа не личи, ние сме категорија која е понижена, навредена, а дале сме допринос за оваа држава. Затоа ја замолувам владата да си ја преиспита одлуката, затоа што ние швајцарски како што ми велат тие модели, ниту еден од овде не е од Швајцарија, ниту е дошол за да му прикажуваме швајцарски модел на пензијата.“, вели Станојков

Пензионерите од протестот се жалат дека едвај врзуваат крај со крај. Најголем товар им се новопокачените сметки за вода, а дополнително велат парите им одат за лекови, без кои не би можеле да преживеат.

Како што тври Трајче Станојков оттаму, претходно за пензионерите е изгласан законот за линеарно зголемуување на пензиите, а сега какошто вели истиот не важи и се воведува швајцарски модел. Револтиран и тој за ситуацијата и бара повторно разгледување на нивниот проблем

,,На оваа одлука овде пишува дека Христијан Мицкоски се потпишал на нашиот закон дека ќе ни ги дава пензиите линеарно, сега истите си го покажуваат зкаонот, дека е неважечки и се воведува швајцарски модел, па на што личи ова.“, додава Станојков

Пензионерите од Свети Николе велат дека се во постојана комуникации со остананите низ државата. Комуницираат и со штипските, кочанските, кавадаречките, па се до Битола. Велат дека иво другите градови ќе има протести и дека заеднички ќе се изборат да ги добијат своите права.

Иван Митев, М-Нет