
Нова спортска сала „Џексон“, катна гаража, реконструкција на улици и мерки за поддршка на децата и младите се дел од реализираните проекти и инвестиции во Штип во 2026 година.
Градоначалникот Иван Јорданов ги посочи реализираните проекти во инфраструктурата, образованието и поддршката за децата и семејствата. Меѓу нив се реконструкцијата на повеќе улици, стипендиите за ученици и спортисти, бесплатните униформи и финансиската поддршка за семејствата на децата со попреченост. Јорданов ги посочи и инвестициите во спортот, со изградбата на новата спортска сала „Џексон“. Според Јорданов, со овие проекти Штип продолжува да се развива.
,,Во текот на оваа година, обезбедивме финансиска поддршка за семејствата на децата со попреченост, од прво до деветто одделние, вклучени во редовната настава во сите општински основни училишта, преку рограмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година. Продолжува и континиранта поддршка за младите, преку доделување на стипендии на ученции и спортисти од основните и средните училишта. Деновиве започнува и распределбата на бесплатни униформи во сите основни училишта за ученици до петто одделение. Штип продолжи да се развива со нови инвестиции во патната инфраструктура. Реконструкција на улици Питу Гули, Џемал Бједик и ул. Кежовица. По пет децении целосно е реконструирана и повторно ставена во функција улицата Борис Кидриќ. Во месноста Бело Брдо и нас. Леваци во моментот се реализира целосна реконструкција на патната инфраструктура, стара повеќе од 60 години.“, вели Јорданов
Во делот на инфраструктурата, Јорданов дополнително ги посочи и новите паркинг-простори и капиталните проекти во патната и водоводната инфраструктура. Дополнително ја посочи и реконструкцијата на мостовите на реката Брегалница, како и изградбата на новиот Мега парк покрај реката Брегалница.
,,Изградена е нова катна гаража на три нивоа со капацитет од 50 возила, веднаш до зграда Промаја. Дополнително обезбедени се нови паркинг позиции во нас. Пребек, а нови маркинг површини изградени се и во дворот на спортската сала Јордан Мијалков. Паралелно продолжуваме со капитални проекти, изградба на обиколница, нови резервоари за вода, како и изградба на реконструкции на мостови на река Брегалница. Работиме на создавање на нов зелен појас, Мега парк на површина од 70 000 квадратни метри, покрај река Брегалница. Во делот на сообраќајот Штип е првата општина во Р. Македонија, која воведе софистициран и автоматизиран софтвер за евиденција и наплата во дејноста на јавни паркинци. Поддршката за спортските клубови е поголема од било кога досега, а во употреба е пуштена и новата спортска сала Џексон, со капацитет од 1300 посетители.“, вели Јорданов
Дополнително, градоначалникот Јорданов ги посочи и инвестициите во културата, почнуваји од реализиралниот Д фестивал, кој втора година во ред се реализира во градот, како и штипска Пастрамалијада. Кажа дека општината истовремено ќе продолжи со финансирање и организирање на фестивалот Макфест, Штип стит фуд фестивал, пијано голден талентс, кои го промовираат градот, привлекуваат посетители и носат дополнителна економска активност за локалниот бизнис.
Иван Митев, М-Нет