
Сè уште не знае дали ќе го жнее својот ориз, поради ниската откупна цена која во моментов се движи од 15 до 18 денари за арпа, вели оризопроизводителот Горан Јанев. Тој додава дека откупната цена е прениска и дека поради неизвесноста околу откупот, жетвата за него во моментов е под знак прашалник.
,,Oткупната цена е катастрофа и не го земат. Дали ќе се жнее, пола пола е, мош и ќе остане. Тоа е се до министерството и до фабрикантите, договор измеѓу нив, потфрлат се парички, поднаплажа се, така да комбинацијата е помеѓу. Оризот е од 15 до 18 денари арпата. Значи, народот ќе го остава, нема да го жнеат оризот“, вели Јанев
Јанев посочи дека со ваква откупна цена не е сигурно дали ќе се исплати жетвата, поради што очекува решение од надлежните институции и откупувачите.
Ева Тушевска, М-Нет