Македонија заминува за Љубљана со желба за гол и победа против Словенија

Фудбалската репрезентација на Македонија денес замина за Љубљана, каде утре ја очекува вториот натпревар од Лигата на нации против репрезентација на Словенија.

Откако македонската репрезентација беше поразена со убедливи 0:3 во Скопје од Швајцарија, избраниците на селекторот Гоце Седлоски денес заминаа за Љубљана со желба брзо да се надмине поразот од Швајцарија, да се постигне гол и да се обезбеди победа и три бода.

Македонија има низа од пет мечеви без постигнат гол, па овој меч со Словенија ќе биде можност за конечно да се вратиме на победнички патеки, но и да постигнеме погодок.

Македонија последен пат гол постигна против Велс на 18 ноември минатата година, кога нашата репрезентација загуби со убедливи 7:1. Од тогаш нема постигато гол, а има забележано две ремија без голови против Ирска и Босна и Херцеговина, а загуби од Турција со 4:0 и Швајцарија со 0:3.

Последната победа на Македонија беше на 7 септември минатата година кога со 5:0 славевме против Лихтенштајн во Скопје.

Натпреварот меѓу Словенија и Македонија се игра на стадионот „Стожице“ во Љубљана со почеток од 20:45 часот.

Александар Ванев, М-Нет