Македонскиот шампион Штип УГД против Феризај ја проверуваше формата пред новата сезона

ФОТО: ОК Штип УГД

Македонскиот шампион Штип УГД одигра пријателски двомеч против косовски Феризај, пред стартот на новата сезона, а во која штипјани ќе ја бранат двојната круна и ќе имаат деби настап во Лигата на шампиони.

Целта на овие натпревари е воигрување на екипата и проверка на формата, со што стратегот Кристиан Ристески имаше можност да провери како оди подигањето на истата.

Резутлатот од овие натпревари беше во втор план, а како што велат од штипскиот клуб, одиграле по четири тренинг сетови. Во гости одиграле 2:2, а во новата сала „Џексон“ победиле со 3:1.

Минатата сезона Штип УГД ја освои за првпат двојната круна, откако по првпат стана шампион на Македонија, а трипати во низа ја освојуваше Куп титулата. Во Лигата на шампион, македонскиот шампион ќе се соочи со првакот на Холандија, Орион Старс.

Александар Ванев, М-Нет