Кузеска: Мега скандал – приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

„Во Америка има закон. Ако некој однадвор плаќа лобист да работи кон американски функционери, тоа се пријавува. Се вика FARA“, вели Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.

„Проверивме што може да се провери. На сајтовите на Белата куќа, Стејт департментот, агендите на секретарот Марко Рубио и на заменикот Кристофер Ландау, Пентагон, ДФЦ, Конгрес, FARA – за посетата од 15 до 22 септември 2026 нема официјална објава дека Мицкоски имал состанок со Рубио, со Ландау или со друг висок функционер на администрацијата.

Нема агенда. Нема заедничко соопштение. Нема потпис. Има Фејсбук. Ако Вашингтон не го запишал, тоа не е државна средба туку неформален контакт. Ако истиот човек дома го продава како самит, тоа е лага. Ако истиот месец приватна каса, приватна фирма плаќа лоби за неговата агенда, тоа не е случајност. Тоа е метод.

Педесет души на народен грб. Приватна фирма плаќа врата. Премиерот се слика на ходник. Антимонот влегува како „почеток“. Народот не се прашува. Провизијата се знае кај него. Ризикот останува кај нас: вода, почва, сметка. СДСМ е за сојуз со Америка ама вистински сојуз. Како што ние успеавме. И со САД да ги издигнеме односите на највисоко ниво и НАТО да го затворивме токму ние.

Но ние сме против тоа државата да се води од фоаје и од каса на производител на муниција. Ова мириса на корупција и мора да се истражи!Бараме јавно да биде објавена целата документација“, изјави на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Текстот (Видео) Кузеска: Мега скандал – приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски е превземен од МАКФАКС.