Мостот на реката Брегалница на штипскиот булевар „Гоце Делчев“ затворен до 7 октомври

Мостот на реката Брегалница на штипскиот булевар „Гоце Делчев“ e затворен до 7 октомври

. Од општина Штип информираат дека градежната компанија која работи на реконструкцијата на мостот на реката Брегалница на булеварот „Гоце Делчев“ влегува во фаза на градежни активности да се работи и на долниот, но и на горниот дел на мостот. Се очекува градежните активности да завршат до 7 октомври, по што ќе биде пуштен овој дел за сообраќај, кој е влез и излез на градот Штип и кон Скопје и кон Радовиш и Струмица.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов пред четири месеци истакна дека во градежните активности се опфатени подобрувањето на статиката на мостот и третирање на горниот дел од мостот. Инвестицијата е на ЈП за државни патишта во вредност од 30 милиони денари. Инаку сообраќајот, односно возилата кои доаѓаат кон градот Штип ќе се пренасочуваат кон улицата која вода кон стариот камениот мост.

Иван Митев, М-Нет