Првото коло на Втората футсал лига носи дерби во Штип – Мал Ајакс домаќин на Овче Поле, Балкан ќе се соочи со Победа

ФОТО: КМФ Мал Ајакс

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи, а со извршувањето на ждрепката познати се и двојките за првото коло.

Во сезона 2026/2027 во Втората футсал лига на Македонија ќе се натпреваруваат Мал Ајакс од Штип кој испадна од Првата лига, кочански Фудбал Старс, Кратово, Овче Поле, ланскиот прволигаш Балкан, Победа, Каршиака, Црна Река и дебитантот Шутка 1.

Ждрепката посака уште во првото коло да има дерби во Штип меѓу поранешните прволигаши Мал Ајакс и Овче Поле, првото коло го носи и дуелот во Кочани меѓу Фудбал Старс и Кратово, ланскиот прволигаш Балкан ќе игра против Победа, додека пак Каршиака ќе се соочи со новајлијата Шутка 1.

Во првото коло слободна ќе биде екипата на Црна Река.

Александар Ванев, М-Нет