Тежок пораз на Арсими од Струга со шест гола, се отвара можност Брегалница да избие на шестото место

ФОТО: ФК Арсими

Тежок пораз претрпе Арсими на гостувањето кај Струга Трим Лум, откако загуби со високи 6:0 во меч од 8. коло на Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Чегране го претрпи четвртиот сезонски пораз и останува на седмото место со осум бодови.

Но, оваа позиција е загрозена, доколку Брегалница утре го добие Скопје на домашен терен, тогаш Штипјани ќе имаат скок до шестото место со десет бодови, а Арсими и Силекс ќе се спуштат едно место на табелата односно би биле осми и седми.

Струга ја продолжува одлична форма на резултати и сега е на второто место со 17 бодови.

Вардар со 2:0 ја доби Шкендија Арачиново, со што беше запрена победничката низа на дебитантот, а шампионот е на минус пет од лидерот Шкендија, откако вицешампионот без проблеми со 4:1 славеше над Башкими.

Единствениот меч без погодоци беше во Кратово каде Силекс и Тиквеш ремизираа играјќи 0:0 за делба на бодовите.

Пред Брегалница е можност за да избие на шестото место и да ги помине Арсими и Силекс на прволигашката табела, ако утре триумфира над Скопје. Од друга страна, „пиратите“ од Автокоманда со победа над Брегалница од Штип ќе останат и натаму во опасната зона, но ќе го напуштат дното и ќе биде претпоследни, но со само два бода од зоната за директен опстанок.

Александар Ванев, М-Нет