
Вкусни пастрмалии, расположени лица и добра музика викендов можеа да се забележат во Штип, градот домаќин на манифестацијата Штипска Пастрмалијада. Два дена подоцна, штипјани со восхит зборуваат за овогодинешното издание, велејќи дека традицијата треба да продолжи – народот да се собира, да се весели, да пее и да ужива
Илјадници посетители од земјата и странство, во саботата го наполнија Градскиот стадион во Штип, каде уживаа во концертот на Елвир Меќич и Јован Јованов, а подоцна и на регионалната ѕвездата Жељко Јоксимович.
Еуфорија, музика и добра забава – токму тоа, велат штипјани, треба почесто да го има овде, за градот под Исарот повторно да живне.
Ева Тушевска, М-Нет