
Екипата на Пелистер во победничка форма утре ќе гостува кај екипата на Кочани, во рамки на 6. коло на Првата женска фудбалска лига. Тимот од Битола ќе биде голем фаворит за петта победа во низа, во однос на тимот од Кочани кој е претпоследен со само еден бод и ќе бара изненадување за освојување на бодови.
Во Македонска Каменица ќе се игра дерби меѓу Каменица Саса и Ас Јунајтед, каде трите бодови се императив и за двете екипи. „Рударките“ по двата порази на стартот од сезоната запишаа три победи во низа и во победничка форма ќе го пречека гостинот од Струга, кој на последните два натпревари има реми и пораз и ќе бара враќање на победничките патеки во малото рударско гратче.
Овие два натпревари ќе започнат во 16:30 часот, а утре во 11 часот Тиверија Брера како апсолутен фаворит ќе ја пречека Речица над домашен терен.
В недела, екипата на Љуботен на домашен терен ќе игра против Вардар за комплетирање на колото. Домаќинот е фаворит за нови три бодови, а пак скопскиот тим кој има пет порази од толку натпревари во Тетово ќе ги бара првите бодови.
Колото го отвараат Скопје и Истатов со дерби на Пржино, а мечот се игра денес.
Александар Ванев, М-Нет