Цените на горивата во Германија достигнуваат рекордни нивоа, а незадоволството кај возачите расте. Бензинот во Берлин вчера наутро чинел околу 2,25 евра за литар, а дизелот 2,37 евра, додека напладне цените пораснале за околу 20 центи. На една бензинска пумпа покрај автопат во јужен Берлин, Super Plus достигнал цена од 3,03 евра за литар.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц најави дека Владата подготвува мерки за растоварување на граѓаните, но сè уште не е утврдено какви ќе бидат тие.
„За многу луѓе на кои автомобилот им е потребен секојдневно, границата на оптоварување е достигната“, рече Мерц, најавувајќи предлог „многу брзо“.
Меѓу опциите за кои се разговара се даночни олеснувања, помош за граѓаните со пониски приходи, ограничување на цените и данок на екстрапрофитите на енергетските компании.
Текстот Германските возачи бесни поради цените на горивата, Мерц најави мерки е превземен од МАКФАКС.