
Надалеку прочуената штипска пастрмалија е омиленото традиционално јадење на штипјани, кои тврдат дека нема ништо поубаво од неа. Кој пробал-знае, велат граѓаните, а кој не пробал ќе има можност да ја вкуси на овогодинешната пастрмалијада. Вкусот во голема мера зависи и од тоа каде е приготвена, но за повеќето нема дилема дека најубава е кога е свежо подготвена и топла.
Едни ја сакаат свинската, други ја претпочитаат пилешката, а има и такви кои јадат секаква. Најважно е да е вкусна пастрмалијата и да се јаде со добро друштво.
Штипската пастрмалија е дел од традицијата и препознатлив симбол на градот. Во нејзина чест секоја година се одржува Пастрмалијадата, која покрај добрата храна нуди и одлична музика.
Ева Тушевска, М-Нет