
Осмото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во четири дена, а носи два натпревари под рефлектори во Штип и Скопје.
Осмата рунда се отвара во Гостивар со мечот меѓу Шкендија и Башкими, меч закажан за петок од 16 часот, а во ист термин ќе се игра мечот во Кратово меѓу Силекс и Тиквеш.
Во сабота на теренот на ФФМ во Скопје во вечерен термин од 20 часот ќе се игра натпреварот меѓу шампионот Вардар и дебитантот Шкендија Арачиново.
Во понеделник на програмата ќе биде еден меч – Струга Трим Лум на домашен терен од 16 часот ќе го пречека Арсими.
Колото се затвара дури во среда (23 септември) во Штип со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе започне во 18 часот.
Александар Ванев, М-Нет