
Дожд, ветер и пониски утрински температури неколку дена пред штипска Пастрмајлијада. Метеоролозите велат дека утринските температури веќе бележат пад, па само утринава во Штип се измерени 14 степени, додека во Берово дури 9 степени. Што се однесува до врнежите од дожд, тие се очекуваат денеска и во среда, проследени со засилен ветер. На места ќе има услови за нестабилност во форма на краткотрајно невреме, со пороен дожд и грмежи.
,,Денеска во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд и грмежи. Што се однесува до темепратурите, денес во 8 часот се измерени 9 степени, Штип 14, 16 во Виница. Следните денови ќе преовладува сончево време со мала доумерена облачност, меѓутоа ќе има и услови за краткотрајни врнежи од дожд, односно во среда и во сабота.“, рече Цветковска-Атанасова
Што се однесува до дневните температури, тие ќе останат околу 30 степени. Иако е посвежо во однос на минатата седмица, времето преку ден се уште се очекува да биде релативно топло.
,,Во споредба со минатата седмица да, меѓутоа веќе се опаднати температурите, сепак ќе се задржат околу 30 тиот степен.“, вели Цветковска-Атанасова
Со оглед фактот дека од следната седмица официјално ќе започне и есента, времето постојано ќе се менува од топло кон поладно. На вакви променливи температури, лекарите посебно упатуваат апел до повозрасните, особено до хронично болните лица редовно да ја пијат својата терапија, да консумираат доволно течности и да внесуваат што е можно повеќе витамини, се со цел да не дојде до несакани последици.
Иван Митев, М-Нет