
Можат ли штипјани да си дозволат да седнат во кафеана или едно обично излегување веќе станува луксуз? Со растот на цените, ручек или вечера за едно семејство значи и поголем трошок од домашниот буџет. Граѓаните велат дека денарот се потешко стигнува за сите потреби, па за кафеана се размислува двапати.
Но од друга страна, следниот викед на манифестацијата штипска пастрамлијада, граѓаните очекуваат да им дојдат гости од другите градови. Велат дека скпао, евтино, гостите мора да се однесат на вечера.
Според ДЗС, Цените на угостителските услуги во август 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 3.7 %.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – август 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3.0 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 1.3 %.
Иван Митев, М-Нет