
Полни торби домати и пиперки и овој петочен ден на штипскиот пазар. Граѓаните велат дека цените се пристапни и секој купува според својот буџет, без поголеми поплаки. Се пазарува од сè по нешто – патлиџан, пиперки, дињи, а се купува и за зимница: краставички, моркови, боранија и патлиџани. Иако за некого цените се повисоки, штипјани велат дека се задоволни од понудата и пазарот.
Продавачите на штипскиот пазар велат дека цените се главно добри и прифатливи. Кај доматот има мало поскапување – од околу 40 денари минатата недела, сега се продава за околу 80 денари за килограм. На тезгите има разновидна понуда од сезонско овошје и зеленчук – грозје, тикви и пиперки.
И покрај разликите во цените, штипјани и овој петочен ден го исполнија пазарот, а најголем интерес има за свежиот сезонски зеленчук и производите за зимница. Од пазарџиите велат дека понудата е разновидна, а купувачите, како и секогаш, внимателно го прилагодуваат пазарењето на својот буџет.
Ева Тушевска, М-Нет