
Да се исклучи климата неколку минути пред излегувањето од автомобилите, се со цел да не дојде до шок на организмот, советуваат штипските лекари и во текот на месец септември. Велат дека наглите промени на температурата можат да влијаат врз организмот, при што многу често се случува да дојде до омалаксаност, слабост, неволност, дури некогаш и полошо
,,Сето тоа да биде добро измиено, на соодветна температура и да се внесува во поголеми количини. Да се избегнуваат пржени меса, тешка храна, сетоа она што негативно може да влијае. Малаксаноста зошто? Затоа што се прави една амплитудна разлика. Сите патуваме со автомобили со клима, на една пониска температура, меѓутоа до таму по патот сме изложени на високи температури, влегуваме во климатизирана просторија, работна или маркет и нашиот организам претрпува шок. Една препорака, значи кога од автомобилот кои што сме го климатизирале и сме го ставиле на температура која е 20 степени, значи неколку минути да ја исклучиме климата, нашиот организам да се адаптира на надворешниот топлотен шок, за да ја нема онаа омалаксаност, слабост, неволност, дури некогаш не можеме да резонираме.”, рече Митрова
Меѓу другото, лекарите и понатаму советуваат да се почитуваат основните правилна, доволно внес на течности, здрава исхрана, како и завршување на обврските во текот на утринските часови и носење лесна облека.
,,Често сме сведоци на колапси, поради дехидратација, затоа што несоодветно се заштитени и хидратирани. Оние кои што зимаат терапија за крвен притисок, чувствуваат нагол пад на крвниот притисок, па затоа може да дојде до колапси, несвестица и губење на свест. Како апел да биде тргнувањето во утринските часови, со доволно вода, лесна храна, да консумираме проверена храна, да се избегне прежена храна.”, додава Митрова
Инаку, од УХМР велат дека повисоките температури ќе се задржат и во следните неколку дена. Истите ќе бидат до околу 35 степени.
Иван Митев, М-Нет