
Треба ли да се забранат телефоните за време на наставата, па дури и целосно да не се внесуваат во училиштата? Учениците и повозрасните со поделени мислења.За едни, забраната е добра мерка, сметаат дека мобилните телефони се причина за невнимание и деконцентрација, па нивното отстранување од училниците ќе им овозможи на учениците полесно да ја следат наставата и повеќе да се посветат на часовите.Други, пак, сметаат дека целосната забрана е премногу строга. Телефоните, според нив, се корисни.
Иако телефоните некогаш знаат да бидат мамка која води до невнимание, сепак тие се потребни во наставата, особено со се побрзиот развој на технологијата, велат граѓаните, кои сметаат дека мобилните се потребни, и иако знаат да го одвлечат вниманието, не треба целосно да им се одземе можноста на учениците да ги имаат.
Поранешен штипски професор, денес во пензија, пред камерите на М-Нет ТВ се присети на времето кога го одржувал наставниот процес и на начинот на кој се справувал со мобилните телефони во училницата.Тој раскажува дека телефоните за време на часот биле остававани на катедрата. На тој начин, учениците не биле во можност постојано да ги користат и да ја нарушуваат наставата, а сепак биле спокојни знаејќи дека по завршувањето на часот веднаш ќе си ги добијат назад.
Оттука, наместо целосна забрана, дел од граѓаните сметаат дека потребно е да постојат јасни правила за користење на телефоните во училиштата – правила кои ќе овозможат поголема концентрација на часовите, но и ќе ја земат предвид реалноста на современото, дигитално време.
Ева Тушевска, М-Нет