Сончево и топло со мала до умерена облачност: во попладневните часови услови за локална нестабилност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Времето во наредните денови

Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток кога процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Во петок и за време на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Текстот Сончево и топло со мала до умерена облачност: во попладневните часови услови за локална нестабилност е превземен од МАКФАКС.