
Премиерот Христијан Мицкоски е во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица” во Општина Берово, од каде што на сите правослани верници им го честита големиот празник, Успение на пресвета Богородица. Мицкоски изјави дека по одлуката на Советот и Општина Пехчево за да не се гради дата-центар, тие сепак како држава остануваат на целта за развој на таков тип на индустријата која веруваат дека може да се развива, бидејќи ова е иднината. Тој даде пример со светските мултинационални компании, посочувајќи дека нивното влијание врз квалитетот на животот на граѓаните може да има сериозни последици.
,,Прво, станува збор за приватна иницијатива и јас тука не би навлегувал во детали, Советот и Општината си го кажаа својот збор, но ние како држава апсолутно остануваме на нашата цел за развој на таков тип на индустрија, бидејќи тоа е иднината и таков процес е неповратен процес, се разбира во согласност со законите на места каде што има услови и на места каде што оваа индустрија може да се развива. Јас ги слушам оние полемики од страна на опозицијата, дадов вчера свое мислење и не би сакал да се повторувам околу научниот и техничкиот пристап на луѓе кои не ја познаваат материјата и ја политизираат и ја злоупотребуваат, далеку од вистина е тоа што го кажуваат. Замислите што би се случувало со светските мултинационални компание коишто имаат вредност од неколку трилиони милијарди долари од практично, ако тие влијаеле негативно врз квалитетот на животот на граѓаните.Ние едноставно треба да одлучиме како држава дали сакаме да бидеме да бидмее лидери или на дното. Ако сакаме да бидеме лидери, тогаш тоа е иднината, и јас апсолутно и почитички, и како професор и како инженер стојам позади изградбата на нова индустрија и ќе ја поддржам,а Владата ќе го преземе институционалниот ризик “, рече Мицкоски
Мицкоски порача дека државата треба да избере дали ќе биде лидер или ќе остане на дното, нагласувајќи дека иднината ја гледа во развојот на нова индустрија.
Ева Тушевска, М-Нет