Гаши со честитка за празникот Успение на Пресвета Богородица

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, испрати честитка за празникот Успение на Пресвета Богородица.

„По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувам искрени честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник.

Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество.

Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков.

На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски“, пишува во честитката.

Текстот Гаши со честитка за празникот Успение на Пресвета Богородица е превземен од МАКФАКС.