Кузеска: Бараме да се истражи влезот на српската медиумска машинерија во Македонија

СДСМ во целост ги поддржува барањата на националните телевизии и јавниот сервис кои предупредија за случувањата со законските сомнежи за влегувањето на српската медиумска машинерија и побараа институциите да постапат, изјави Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

„Мора да се истражи во целост и да се утврди одговорност. Она што се случува е потврдува на сè она за што СДСМ со месеци ја предупредува македонската јавност. Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, спроведува операцијата за медиумски мрак и во Македонија. Српската медиумска машинерија преку Еуроњуз и Ало влегува во земјата. На сомнителен начин и со заобиколување на законите. За ова веќе алармираат и националните телевизии, Македонската медиумска асоцијација кои соопштија дека имаат материјални докази за канали кои подолг период работат без домашна дозвола. Истиот модел сега се подготвува и со Euronews Македонија и влегувањето на Ало групацијата. Тоа е шемата на Организираната криминална група и нивната сестринска СНС“, рече Кузеска.

Чекор по чекор, додаде таа, се гради инфраструктура за политичко, економско и медиумско влијание на концептот на „српски свет“ на Вучиќ за кој предупреди и Европскиот парламент.

„Мицкоски не само што ги спроведува copy-paste политиките на Вучиќ тој е извршител на интерсите на неговиот ментор. Ова е српско-руска агенда за Македонија да остане надвор од ЕУ и да остане тампон-зона за туѓи интереси“, рече Кузеска.

Таа вели дека АЛТА банка веќе влегла во македонскиот банкарски сектор. „Парите од сметките на јавните претпријатија и државата (парите на граѓаните) се префрлаат во Алта банка, со што таа остварува профит за финансирање на медиумите“, рече Кузеска и тврди дека следува контрола врз информациите што стигнуваат до македонските граѓани и медиумски мрак.

„Задолжени се Началникот Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска. Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, нема подобар живот, кога европската перспектива се блокира, потребна е пропаганда и медумска контрола. Да нема критика. Да нема прашања. Да нема одговорност“, рече Кузеска.

Текстот (Видео) Кузеска: Бараме да се истражи влезот на српската медиумска машинерија во Македонија е превземен од МАКФАКС.