
Воведување дежурства на наставниците по ходниците за време на одморите, работа на педагошко-психолошките служби со учениците, давање помош и поддршка на наставниот кадар, реализација на средби и советувања со родителите, соработка со СВР Штип за обука за наставниците и работилници за учениците, се само дел од мерките што се преземени со цел заедничко справување со врсничкото насилство, истакна раководителкат на сектор образование и јавни дејности Снежана Санева.
,,Што се однесува до врсничкото насилство, навистина сериозна тема и е проблем во училиштата, но секако се прават напори да се надмине тоа со различни мерки. Уште минатата година се воведоа дежурства на наставниците во ходниците за време на омдорите така што ученците се постојано под контрола, исто така педагошко-психолошко служби ги интерзивираат своите работи постојано работат со учениците, даваат помош и поддршка исто така и на наставниот кадар, но и на родителите коишто доаѓаат до училиштата, се реализираат тие средби, тие советувања, се со цел заеднички да се намали проблемот со врсничкото насилство. Исто така се реализираат и обуки за наставниците, но и за учениците работилници во соработка со СВР Штип, се реализираат такви работилници во кои се кажува на опасностите од врсничкото насилство, како да се преввенира тоа, да не се шири меѓу врсниците и да се запознаат децата со последиците од врсничкото насилство, колку може тоа да биде страшно и поразително, дестрктивно во нивниот живот“, подвлече Санева
Санева подвлече дека на работилниците со учениците се зборува за опасностите од врсничкото насилство, превенцијата и последиците.
Ева Тушевска, М-Нет