Го знаат ли штипјани значењето на Саат кулата?


Саат-кулата е еден од најзначајните историски споменици во Штип и препознатлив симбол на градот. Некогаш со своето ѕвонење ги будела штипјани за на работа и им покажувала колку е часот, а за време на воените периоди, просторот околу неа бил место каде што се засолнувале борците. За штипјани, таа и денес претставува историско богатство, украс на градот и сведок на животот и времињата на многу генерации.

Анкетираните тврдат дека некогаш ја знаеле, но со текот на времето ја заборавиле легендата за Саат-кулата, која раскажува дека некој турски бег се вљубил во убавата штипјанка Анка и сакал да ја потурчи. Таа му поставила услов – да изгради голема Саат-кула која ќе остане како спомен за градот. Бегот, толку вљубен во Анка, за кусо време ја изградил кулата, по што таа се потурчила и станала негова жена.

Штипјани се надеваат дека Саат-кулата повторно ќе биде ставена во функција, ќе зачука како некогаш и повторно ќе им го покажува времето на граѓаните.


https://youtu.be/dHk_vG7PoiM?si=PujGIuZaRBTpVJ2O

Ева Тушевска, М-Нет