Како што најавивме, операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ се спроведува и во Македонија, изјави Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка во СДСМ.
„Денеска на прес-конференцијата мораме да кажеме една исклучително важна тема, односно исклучително важна операција што се одвива токму во овој момент додека ја одржуваме оваа прес-конференција. Како што најавивме, операцијата за медиумскиот мрак кој што ќе се случи во Македонија под покровителство и под директна режија на Вучиќ, веќе е во тек. Ние ова, го знаат тоа граѓаните, го знаат и почитуваните претставници на медиумите го информиравме на ова укажувавме уште пред два месеца“, рече тој.
Жерновски кажа дека вчера во Србија е завршена продажбата на медиумите од Adria News Network на инвестициската група Alpac Capital.
„Во оваа медиумска група се Н1, Нова, Радар, Forbes Srbija и Данас. Ајде да објасниме на граѓаните што всушност се случува. Кој стои и со кого е поврзан Alpac Capital? Соработник, советник и пријател на кој друг ако не на Виктор Орбан. Истата Alpac Capital во 2022 година го презеде мнозинскиот удел во Euronews. Подоцна беше обелоденото дека за 45 милиони евра за таа трансакција дошле од унгарски државен фонд, а уште 12,5 милиони евра биле обезбедени преку компанија поврзана со комуникациските операции на унгарската влада. Значи ние денеска и воопшто не зборуваме за изолирани и неповрзани бизнис зделки. Зборуваме за еден концепт, зборуваме за еден проект преку којшто треба да се воспостави тотално контрола на медиумскиот простор во нашата земја. Тој концепт е според нас, според она што го гледаме всушност доградување на режим ко јшто се воспоставува во нашата држава. Истиот модел веќе сега како како што се спроведува во Србија, се спроведува и кај нас. Неслучајно тоа неколку пати го зборувавме унгарската 4iG ја доби дозволата за трет мобилен оператор во Македонија. Ете полека како се воспоставува целиот концепт и целиот проект и целиот модел за којшто зборувавме наназад“, рече Жерновски.
Затоа, додаде тој, и предупредувавме дека ова прашање не смее да се гледа како некоја обична тема туку да се гледа многу посериозно.
„А на големо се реализира и влезот и ширење на медиумите од страна на српскиот свет, блиски до власта на Вучиќ. Затоа неслучајно во два наврати, две години по ред извештаите од Брисел, кога ќе кажам Брисел мислам на сите институции и Европскиот Парламент и Европската Комисија зборуваат за постоење, функционирање и влијание на српскиот свет во Македонија. Информациите со кои располагаме укажуваат дека еден од плановите е преку Ало групацијата да се влезе и во телевизискиот простор во Македонија. Како една од порвите опции се разгледува преземање на сопствеништвото на Наша ТВ. Во операцијата клучна улога ќе има познатата Ивана Талеска со проектот Euronews кој започна во септември. Ако веќе доаѓаме до тоа име, секако доаѓаме и до Латас кој што е директивен извршител на политиката на Мицкоски“, рече Жерновски.
Тој вели дека власта го прави ова за да нема кој да прашува, да нема кој да постави прашање за криминалите, за тендерите, за немањето реформи, затоа што немаме европска перспектива.
„Целта е јасна граѓаните да добиваат само една вистина. Вистина којашто ќе се сервира како единствена. Сетете се на омилените фрази на премиерот кој што од почеток на мандатот зборуваше за цитирам тоа е првпат некој да спомене во светот такво нешто за вистинската вистина. За жал не чека медиумски мрак. За жал не чека еден демократски живот во наводници демократски без слободни медиуми, без критика и без вистина. Тука сме ние, тука е СДСМ. Дали е сега јасно зошто радарот Муцунски имаше интервју токму за Euronews ? Јасен е веќе концептот. Да завршам со тоа дека ова не е само прашање кој ќе биде сопственик на некоја телевизија или портал, ова е контрола на јавниот простор во нашата држава“, рече Жерновски.
Текстот (Видео) Жерновски: Операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ се спроведува и во Македонија е превземен од МАКФАКС.